Powered by benamic logo
hero banner

Активирајте се

Регистрирајте се денес за да добиете поврат на пари до 24.600 ден на одбрани фотоапарати и објективи на Canon — дизајнирани да ја поттикнат вашата креативност и да ја доловат вашата визија.

Добијте дополнителни 10% поврат на пари како сребрен, златен или платинум член на CPS.

Updated on 12:29 PM / 14-Mar-2025

Правила и услови на промоцијата на Canon CEE „Подгответе се за сезона 2025

1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само на набавки направени од производите на листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери помеѓу 17.3 - 18.4.2025 година, вклучително („Промотивен период”). Промотивните производи можат да се продаваат само како куќиште на фотоапарат за фотографии или куќиште само за видеа или како дел од комплет на објективи или како пакет но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет. Набавките мора да се вистински набавки за готовина или негов еквивалент.

1.2. Сите учесници мора да бидат на возраст од 18 години или постари и мора да бидат жители на Р. Северна Македонија („Учесник”).

1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови.

1.4. Сите производи мора да бидат набавени во Р. Северна Македонија и мора да биле доставени и дистрибуирани до трговците на мало од Canon CEE GmbH („Canon”) или од групата компании на Canon лоцирани во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Продавниците на интернет мора да прикажуваат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.

 

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да учествувате во промоцијата, учесникот мора да набави промотивен производ во Р. Северна Македонија, во промотивниот период И да поднесе валидно барање онлајн во периодот помеѓу 17.3 -3.5.2025 година.

2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи гии одредените валидни сериски броеви на EЕA производите) на образец за барање, на https://www.canon.com.mk/offers/getready/.  Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн навабка како и слика од серискиот број и EAN кодот кој се наоѓа на пакувањето на производот. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 48 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 48 часа по поднесеното барање, ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.rs.

2.3. Регистрираните членови на Canon Professional Services (CPS) со активен и важечки CPS статус (себро, злато или платинум) во моментот на поднесувањето на барањето за поврат на готовина, се квалификуваат да ги добијат само износите на поврат на готовина за членови на CPS како што е наведено во клаузула 8 (колона Износ на поврат на готовина за членови на CPSод табелата со промотивни производи) од овие правила и услови.

2.4. Износите на поврат на готовина за членови на CPS вклучуваат дополнително 10% поврат на готовина, пресметано врз основа на стандардниот износ на поврат на готовина применлив за конкретниот промотивен производ. Точните износи на поврат на готовина на квалификуваните членови на CPS се детално наведени во клаузула 8 (колона Износ на поврат на готовина за членови на CPSод табелата со промотивни производи) од овие правила и услови.

2.5. Повратот на готовина на членовите на CPS ќе биде одобрен само доколку се исполнети двата критериуми за квалификување наведени подолу:

    • Учесникот доставил важечки број за членство во CPS за време на процесот на регистрација на барањето за поврат на готовина.
    • Членството во CPS е успешно потврдено од Canon по своја дискреција.

2.6..Ако статусот на членство во CPS не може да биде потврден или се смета за неважечки, истечен или на друг начин неквалификуван, подносителот на барањето ќе го добие само стандардниот износ на поврат на готовина како што е наведено во колона „Износ на поврат на готовина“ од табелата со промотивни производи, без дополнителниот 10% поврат на готовина, пресметан врз основа на стандардниот износ за поврат на готовина применлив за конкретниот промотивен производ.

2.7. Canon го задржува правото да го одбие или отповика дополнителниот поврат на готовина доколку доставените детали за членство во CPS се неточни, неважечки, истечени или не можат да се потврдат на друг начин. Компанијата исто така го задржува правото да ја измени или повлече оваа понуда во секое време без претходна најава.

2.8. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите на истите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни производи за време на промотивниот производ.

2.9. Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 3.5.2025 година. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.

2.10. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.

2.11. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 промотивни производи за време на промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од колекции или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат прифатливи за оваа промоција.

2.12. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

3. CASHBACK

3.1. Учесниците ќе добијат поврат на готовина во износите прикажани за набавките на промотивните производи.

3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна IBAN исплата на банкарска сметка на учесникот. Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек.

3.3. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.

3.4. Доколку учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.

3.5. Ќесе издаде само една IBAN исплата по едно важечко барање.

3.6. Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија и добивате поврат на готовина, тоа може да ја намали оданочуваната вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите влезниот данок.

3.7. Сите даноци, давачки или давачки наметнати или применливи за повратот на пари, ќе бидат на товар на учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

4. ПРОМОТОР

4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Am Europlatz 2, 1120, Виена, Австрија.

 

5. ОДРЕКУВАЊА

 

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.

5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.

5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

6. ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од Учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.

6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

 

7. ПРАВО И ЈУРИСДИКЦИЈА

Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

8. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

 

 

Cashback amount

CPS Cashabck amounts

Фотоапарати

D.CAM EOS R1 V6 BODY SEE

24,600 ден

 27,060 ден

D.CAM EOS R1 V5 BODY SEE

24,600 ден

 27,060 ден

D.CAM EOS R3 BODY V2.4 MEARSACE

24,600 ден

 27,060 ден

D.CAM EOS R3 BODY V5 RUK/SEE

24,600 ден

 27,060 ден

VIDEO CINEMA EOS C70 EMEA

18,450 ден

 20,295 ден

VIDEO CAMERA CINE EOS R5 C V2.4

12,300 ден

 13,530 ден

VIDEO CAMERA CINE EOS R5 C V5 EMEA

12,300 ден

 13,530 ден

D.CAM EOS R5 MARK II V5 BODY SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R5 MARK II V6 BODY SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R5 MARK II V6+RF24105 L SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R5 MARK II V5+RF24105 L SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R5 BODY V5 SEE

15,375 ден

 16,913 ден

D.CAM EOS R5 BODY V2.4 SEE

15,375 ден

 16,913 ден

D.CAM EOS R5 V5+RF24-105 L SEE

15,375 ден

 16,913 ден

D.CAM EOS R5 V2.4+RF24-105 L SEE

15,375 ден

 16,913 ден

D.CAM EOS R6 MARK II BODY V5 SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R6 MARK II BODY V2.4 SEE+HE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R6 MARK II V5+RF24105 S SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R6 MARK II V5+RF24105 L SEE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R6 MKII V2.4+RF24105S MEARSACE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R6 MKII V2.4+RF24105L MEARSACE

18,450 ден

 20,295 ден

D.CAM EOS R8 BODY SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R8 BODY+LP-E17 KIT SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R8+RF24-50 F4.5-6.3 IS STM SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS RP BODY RUK/SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS RP+RF24-105 S RUK/SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R7 BODY SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R7 + RF-S18-150 IS STM SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R10 BODY SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R10 + RF-S 18-45 IS STM SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R10 + RF-S 18-150 IS STM SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R50 BK BODY SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R50 BK + RFS18-45 S SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R50 WH + RFS18-45 S SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R50 BK +RFS18-45 S CREATOR SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM R50 BK+RF-S18-45 S+BAG+SD SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM R50 BK +RFS18-45 S+RFS55-210 S SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R50 BK + RFS 18-150 S SEE

6,150 ден

 6,765 ден

D.CAM EOS R100+RFS18-45 S SEE

4,920 ден

 5,412 ден

D.CAM EOS R100+RFS18-45S+RFS55-210S SEE

4,920 ден

 5,412 ден

D.CAM R100+RF-S 18-45S+BAG+SD SEE

4,920 ден

 5,412 ден

Обjективи

LENS RF15-35MM F2.8 L IS USM

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF24-70MM F2.8 L IS USM

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF70-200MM F2.8 L IS USM

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF70-200MM F2.8 L IS USM Z BK EMEA

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF70-200MM F2.8 L IS USM Z WH EMEA

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF100-500MM F4.5-7.1 L IS USM

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF28-70MM F2 L USM EU26

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF100MM F2.8 L MACRO IS USM EMEA

6,150 ден

 6,765 ден

LENS RF24-105MM F4 L IS USM EU26

6,150 ден

 6,765 ден

LENS RF24-105MM F2.8 L IS USM Z EMEA

9,225 ден

 10,148 ден

LENS RF14-35MM F4 L IS USM EMEA

6,150 ден

 6,765 ден

LENS RF70-200MM F4 L IS USM

6,150 ден

 6,765 ден

 

9. ЛИСТА НА ПРОДАВНИЦИ УЧЕСНИЧКИ:

Pixplus

FStop

Neptun

Setec